Знае ли ЕУ што сака околу проширувањето, многу различни ставови слушаме?

ЕУ и нејзиното проширување се тема која со години ја преокупира македонската јавност. Се нешто се најавува прочирување, ама се нешто има пречки околу тоа. Се нешто ни се даваат датуми кога ќе дојде датумот за прием на нови членки, се нешто датумите ги нема…

Во Унијата деновиве засилено се зборува околу проширување со повеќе нови земји. Ама некакослушајки ги најавите – како да има разногласие.

„Реформи па дури потоа проширување“, „напоредно проширување и реформи во ЕУ“, „проширување преку област по област“, „има датум тоа е 2030 година“, „нема датум за 2030-та година“… Сето ова се насобра како изјави на истакнати члениви на Унијата околу нејзиното проширување со нови членки.

Се насобраа многу изјави од евробирократите по кои јавноста во земјите кои сакаат да бидат примени во ЕУ како да се во мала конфузија – што всушност ќе прави Брисел?

Надежите меѓу шестте земји од Западен Балкан, Молдавија и Украина, кои што се во процес и на листа за примање, неодамна ги „подгреа“ првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел кога во Блед кажа дека „ ЕУ ќе биде подготвена за ново проширување до 2030 година“.

Но, најавата и новината имаа кус век оти истиот ден францускиот претседател Емануел Макрон побара прво реформи па дури потоа проширување.

-Ризично е да мислиме, дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со „повеќе брзини“, истакнал Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.

Завчера, со таков став излезе и претседателката на Европски парламент Роберта Мецола.

-Европа мора да биде подготвена за реформи и да прифати дека она што функционира за сегашниот број членки на Европска Унија нема да функционира со поголем број, изјави Мецола во Стразбур.

Вчера, пак, јавноста можеше да ја слуше и Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Треба да поставиме визија за успешно проширување. Ние не можеме, ниту пак треба да чекаме промена на основниот договор за ЕУ за да продолжи проширувањето, порача вчера Фон дер Лајен.

Но, таа не го спомна датумот за проширувањето во 2030-та година, ниту, пак, објасни како ќе се решаваат барањата за прво правање реформи, па дури потоа примање на нови земји-членки.

Дали деновиве во Брисел ќе има други најави и посочувања околу евентуалното проширување не е познато. Можеби по сите досегашни изјави е најдобро во Брисел да се координираат и дадат конкретен одговор како и дали во некоја блиска иднина ќе се случи проширувањето на ЕУ?

Ред оптимистички изјави, па потоа ред на песимистички изјави не вршат работа.

Обишно, таквите разлики во ставови, во барањата што да биде приоритет за ЕУ не може да се „испеглаат“ преку ноќ, туку за тоа ќе биде потребно и подолго време.

Македонија до тогаш треба да си се сврти кон незавршените домашни задачи. На пример секторите образование, здравство и правда крахираат.

Претходна вестСамо 360 македонски граѓани со желба да работат на 2.000 работни места во „Бехтел и Енка“
Следна вестСкандалозни прашања за средношколците: „Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете“?