Знамето на „Голема Албанија“ го веел , А.М.(21), кој е германски државјанин. Против него е поднесена кривична пријава.
– Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин, информираат МВР.
Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.