Зошто денеска се сечеа дрвја во Аеродром, Арсовска ќе одговори следната недела

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска сечеше дрвја на улицата „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром во Скопје. Граѓани на социјалните мрежи објавија слики од сечата, велејќи дека се сечат здрави дрвја, а не добиле никакво објаснување за сечата.

Од кабинетот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска велат дека таа денеска по пријава излегла на увид и побарала од екипите на „Паркови и зеленило“ информација за сечата по што активностите биле прекинати.

За наредната недела најавија прес-конференција на оваа тема, односно за активностите на улицата „Васко Карангелески“ на која ќе ги објаснат сите постапки.
Претходна вестКовачевски ја прифати оставката на Зекири, очекува независна и транспарентна истрага
Следна вестЗеќири сам дојде на распит во судот