Зошто дизелот е толку поскап од бензинот?

Цените на горивата веќе подолго време ни ја креваат косата на главата. Ќе се крене цената, па утрето пак ќе ја кренат – и опаа… ќе се крене косата.

Во последно време косата на оние што возат дизел возила во Македонија стана скоро исправена. И гел да ставаат, нема шанса да ја легнат, регулаторна комисија ќе објави нови цени на горивата и ете ти „панкерска фризура“.

Со денешната одлука литар дизел од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 3 денари и ќе изнесува 101,5 денари! Односно, ова гориво ќе биде поскапо за цели 12 денари од бензинот.

Зошто дизелот е толку поскап од бензинот? Оваа тенденција не беше позната со децении. Бензините беа секогаш поскапи. 

Од надлежните на РКЕ до сега не се доби објаснување што е главната причина за ваков драстичен скок на цената на дизелот. Во нејзините соопштенија само се укажува дека имало одредено зголемување на цените на светскиот пазар и дека според методологијата цената се покачува или се намалува за толку и толку. 

Да не заборавиме. Дизелот е главниот двигател на камионите, автобусите… и неговата цена влијае на многу други производи.

Претходна вестЛевица бара да се забрани работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ во Битола   
Следна вестСо нови ДУП-ови на Кале се предвидува повеќе зеленило и помала катност