Зошто ние Македонците сме одделна нација

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова: 

Животот воопшто не е лесен во „Република Северна“! Стварноста е нестварна,  нереалното е реално. Со аздисот кули градат, а кобајаги за сиромашна дивоградба се борат, гнетот ни се преставува како демократија, а безпарицата за нив е илузија, додека пак македонската почва не вреди ни пет пари. Надвор од неа, западни пријатели небаре душмани, без морал и чест, ама доволно арогантни и ограничени.

Јужните соседни преспанисти се креативи (восликнува северниот премиер), а оние од источната страна промовираат бугарско добрососедство топрејќи се и заканувајќи се, навредувајќи и лажејќи. Но, сите здружно негирааат постоење на македонски народ со своја историја, јазик и име!

Заради сето ова, ќе спомнам една значајна историска одломка. Уште во 1934 г. македонскиот интелектуалец и револуционер, Васил Ивановски – Бистришки (1906–1991)  објавил статија со наслов „Зошто ние Македонците сме одделна нација“, во материјалите на IV Конгрес на Македонскиот сојуз во Америка што се одржал во Детроит.

Накратко, статијата претставува аргументиарано, теоретско објаснување на постоењето на македонскиот национален субјект, не како политичко решение, туку како производ на закономерниот историски развој на македонскиот народ на балканскиот простор.

Така, уште на самиот почеток од статијата, авторот го констатира следново: „Ако македонската нација не би постоела, не би можеле да говорме за таква. Меѓутоа, таа е на самото место и нејзиното постоење треба да се посочи на сите, зашто тоа ќе ја олесни до голем степен нашата националноослободителна борба. Во Македонија на самото место се сите елементи на една самостојна нација со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска нација.“

Ова е уште еднаш кажување на македонската идеја – патоводителка и тоа во САД, а била преведена и обзнанета и во Германија. Ова ги покренува уште повеќе македонските борци и прогресивни сили кои се бореа за македонска слобода и држава. Инаку, идеја за Македонија и целоста на македонскиот народ, Ивановски – Бистришки, ја кажал и лично на АСНОМ.

Затоа статијата објавена во САД била вистинска сензација – шок, сред бугарската јавност. Изнесувањето на идејата за самостојното постоење на македонската нација ни малку не било едноставно прашање во однос на дотогаш присутниот став во Софија дека Македонците се Бугари. Став кој бил официјална политика безмалку стотина години. Во неговото афирмирање и одбрана биле напишани илјадници книги, статии од сите жанрови на науката, литературата, публицистиката, итн. Таа била школска вистина која ретко некој во земјата имал смелост да ја доведе во прашање. За таа идеја Бугарија водела војни и дала многу жртви – материјални и човечки.

Според тоа, нејзиното доведување во прашање, нејзиното отфрлање како неточна, откривањето на нови идеи и сознанија длабоко спротивни на претходните, морало да предизвика скандал, недоразбирање и отпор во сите општествени слоеви во Бугарија. Шокот се изразил и кај најдисциплинираните кругови на бугарското комунистичко движење (независно од нивниот народносен карактер, Бугари или Македонци), кое во тоа време претендирало да биде авангардно.

Оттука воопшто не е чудно што македонофобските ,,канони на Тодор Живков“ (1963) имаа плодна почва во бугарското општество и тогаш и сега без разлика на идеолошката поддлошка.

На ова најдобро е да одговориме парафразирајќи го великиот Максим Горки: „Македонија – македонски народ, колку гордо звучи!“

 

Претходна вестАеродромци побрзаа да го исфрлат кабастиот отпад пред да почне акцијата за собирање
Следна вестРаздор во ДОМ, Ана Петровска најавува битка за докажување дека се работи нестатутарно