Не се избра нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители денеска. Членовите на управниот одбор не дадоа поддршка на ниедна од двете кандидатки: ниту на актуелната директорка Наташа Габер Дамјановска, ниту на нејзината конкурентка, судијката Оља Ристова.
За Габер Дамјановска четворица гласаа „за“ и пет „воздржани“, додека за Ристова еден „за“ и осум „воздржани“. За избор на директор потребни се минимум пет гласа „за“ од девет членови на УО, а според законските услови и двете одговараат односно ги исполнуваат критериумите.
Претседателот на Управниот одбор на Академијата, судијата Лазар Нанев појасни дека, актуелната директорка Габер-Дамјановска ќе ја извршува функцијата до истекот на нејзиниот мандат, до крајот на годината и најави дека повторно ќе биде објавен оглас за избор на директор на Академијата.