Улицата во Капиштец „Васил Ѓоргов“ од вчера повторно е раскопана. Имено откако пред извесно време беше блокирана заради реновирање, а скопјани коментираа дека вредело чекањето и блокираните улици за таа да може да се дотера, вчера утро непријатно се изненадија кога повторно ја видоа раскопана.
-Не издржавте и не издржавте и повторно ја раскопавте „Васил Ѓоргов“, Една улица во градов не се направи, а после максимум недела две да не ја прекопате пак оти нешто сте заборавиле, нешто не чини или нешто дополнително излегло – стара скопска беспланска приказна, коментира Трајко А.
-Ќе објасните ли ве молам зошто пак ја раскопавте улицата? Имате ли вие воопшто архитекти, планери стратешки аналитичари, или како ќе ви севне така си копкате?!, прашува Емилија Т.
-Во секоја нормална метропола бар ќе пишат пи ар службите од градоначалничките кабинети едно-две реченици зошто пак ја раскопавте, вака Господ нека ни е на помош и нека ни ги чува животите и автомобилите по вакви улици, коментира Владимир Н.
Иако социјалните мрежи се преплавени од реакции за една од најпрометните улици во градот, ниту на Фејсбук каде што вообичаено градоначалникот Петре Шилегов се фали за тоа што се работи, ниту пак од Градот – никој не објасни која е причината што новата „Васил Ѓоргов“ осамна раскопана.