Зошто СДСМ не сака да се обиде да си ги поправи грешките со „францускиот предлог“?

Многумина во Македонија помислија дека последнава средба на премиереот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе донесе прогрес по наметнатото прашање – уставни изменми. Конечно седнаа на маса – иако тоа требаше да се стори пред да се прифати „францускиот предлог“.

Но, од ден на ден станува се појасно дека компромисот околу уставните промени тешко дека ќе се постигне меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Најголемата опозициска партија чека од СДСМ да одговори кој од двата предлога што ги дал нивниот лидер им е прифатлив. Тоа е услов и за нова лидерска средба на која би се конкретизирале идните активности. Но, од СДСМ одбиваат да се изјаснат, очекуваат опозициската партија да формира работна група за преговори.

Зошто се пимпла и се одолговлекува? За да нема договор или за да се натера другата страна да ги прифати условите на првата со само награда од неколку привремени министри?

Проблемот е, извесно, во различните ставови на двете најголеми партии околу тоа што и како треба да се прави околу рамката за преговорите со ЕУ, која актуелната власт ја прифати со сите обврски беа уважувањето на ставовите на опозицијата. Односно, околу „францускиот предлог“, кој што е во основа на заклучоците на Европскиот совет, и со кој, покрај другото, е поставен услов уставните промени со цел на внесување на Бугарите во македонскиот устав да се изгласаат пред почеток на реалните преговори за членство. Таков предлог, кој содржи и други спорни одредби, и самите македонски функционери го доживуваат како недоволно добар.

-Свесни сме дека ова е неправедно и дека францускиот прелдог не е идеален. Но и така свесни го предложивме во Собранието, изјавуваше вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Грешки очигледно има. Има и опасности од нови отстапувања од македонските национални интереси.

Опозицијата вели дека токму тие грешки ќе се корегираат со предлозите што ги дал Мицкоски. Со едниот се предлага преодна влада без ДУИ и уставни измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членство на државата во ЕУ, а со вториот предлог избори, гаранции за заштита на националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбург и влада без ДУИ подржана од опозицијата.

Практично, се бара Македонија здружена да прави нови преговори околу „францускиот предлог“, да се бараат нови можности за подобри решенија… Зошто тоа е неприфатливо за СДСМ?

Од владеачката партија изјавуваат дека веќе не е можно повторно отворање на преговарачката рамка, дека таа е став на ЕУ, дека тоа ќе значи губење време, дека Македонија сама на себе ќе си крене вето, дека ќе останеме во „чекалната“ и со незвесна натамошна иднина…

Дали е токму така? Дали навистина е невозможно менување на преговарачката рамка, промени во „францускиот предлог“?

Мицкоски најави дека е „подготвен да разговара со неколку премиери на следниот состанок на Европскиот совет за да се изгласа гаранции или потврда на неговите предлози“, доколку се прифатат како опција. Тоа е сигурно еден од начините да се тргне кон промената на лошиот „француски предлог“. Мицкоски сигурно во наредниот период ќе оствари средби со неколку европски премиери, од кои може да се очекува поддршка за новото репреговарања околу преговрачката рамка. Дали нешто такво можат да сторат и шефот на државата, премиерот? 

Секако дека можат и со што би почнал еден процес на разубедување на европските лидери дека решението кое не е идаелно за Македонија треба да доживее корекции. Времето кое ќе биде потребно за тоа воопшто не е важно. Македонија се изнашека со децении може и уште неколку месеци да почека. ЕУ и онака само декларативно кажува дека – сега е времето. Па тоа го кажуваше со години.

Кога се работи за витални државни и национални интереси не смеат да се поставуваат некакви временски ултиматуми. Сега, практично, не е важно тоа што Македонија ќе застане со преговорите и ќе чека нова шанса, нова рамка… најбитно е да се дојде до решението кое ќе биде добро за Македонија. Кога веќе СДСМ ја пропушти шансата да се постигне заеднички договор меѓу власта и опозицијата околу „црвените линии“ пред да се носи „францускиот предлог“ сега е тоа време за поправање на грешките.

Инаку би излегло дека СДСМ однапред се откажува од било какви обиди за промени на „францускиот предлог“ за кој и самите велат дека е неправеден.

Претходна вестОпштина Аеродром: Лисиче ќе добие ДУП според барањата на граѓаните
Следна вестТрамп колку повеќе го обвинуваат и апсат толку повеќе добива пари за својата кампања