На 8 и 9 август општината Бутел организира акција за собирање на кабаст отпад. Граѓаните ќе можат на три локации во општината да го остават стариот мебел и друг тип на ваков отпад: во Радишани на средината на улица „Радишанска” помеѓу прв и втор влез, во Бутел 1, кај трафостаницата спроти црквата „Св. Јован”, на улица „Бетовенова” кај контејнерите и во Скопје Север, позади гимназијата „Зеф Љуш Марку”.
Жителите на Бутел веднаш ја поздравија акцијата на социјалните мрежи, но истовремено и револтирано ја критикуваат општината:
-Зошто само два дена и зошто само на три локации?! Не може ли како во европските метрополи да има секојдневни можности да се собира отпадот? Зарем ќе чекаме да се реши општината за да можеме да се ослободиме од стариот мебел, коментираат граѓаните.
Точно ова е и причината за грдата слика на градот преплавен освен со смет во и околу контејнерите, и со стари фотелји, ве -це шољи и слично.
Фрлањето кој каде стигне ваков тип на отпад е казниво со закон, но за тоа ретко кој слушнал оти ретко кога и се случило да биде казнет тој што фрлил. Веројатно главното оправдување на локалните власти би било дека ние граѓаните сме виновни, некултурни, мразачи на сопствената животна околина. Но каков избор имаат граѓаните кога локалните комунални служби само неколку пати годишно прават акции за собирање на кабаст отпад?