Зошто Царовска 4 дена молчи за скандалот со нејзиниот партнер и Град Скопје?

Поминаа четири дена откако најголемата опозициска партија обелодени дека Град Скопје склучил договор „тежок“ 1 милион денари со партнерот на минстерката Мила Царовска, за снимање проекти со дрон. Министерката четири дена молчи во врска со, според опозицијата, скандалот заради кој во демократските држави се преземаат одредени чекори барем од аспект на моралана и етичка одговорност.

А Град Скопје најпрво се бранеше тврдејќи дека нема судир на интереси. Потоа, градоначалникот Петре Шилегов во едно телевизиско гостување покажа договор склучен со партнерот на Царовска чии почетоци ги поставил неговиот претходник – Коце Трајановски. Поранешниот градоначалник му одговори. Вистина е дека и тој имал склучено договор со партнерот на Царовска, ама не од 1 милион денари туку од 400 илјади. И тука застана развојот на настаните околу овој случај.

Но, не смее да се затвори нерасчистен. Царовска молчи, иако вчера се појави во Кавадарци на настан заедно со градоначалникот Митко Јанчев.

-Царовска добива плата од државниот буџет, односно од парите на граѓаните – затоа е должна да објасни што се случува. 4 дена молк за вакво нешто е недозволливо, и порачуваат граѓаните.

Претходна вестУтре од 9 до 15 часот без струја во Карпош и Кисела Вода
Следна вест700 години од смртта на Данте Агилиери: Италијанската амбасада од денеска одбележува со низа активности