Зошто во Вевчани не може масенбал, а во Скопје може протести со повеќе лица, без маски и дистанца?

Вчерашниот тензичен протест на роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, во кој беа превртени контејнери, се фрлаше со камења кон полициските возила, кон новинарските екипи и се скандираше „УЧК, УЧК“-не беше скандалозен и опасен само заради споменатото. Скопјани реагираа и поради фактот дека беше дозволено мнозинството од оние кои протестираа да не носат маски ниту држеа растојание, заради спречување на ширење на корона-вирусот.

-Ако во Вевчани се казнуваше, се приведуваше, полицијата постапи како што мислеше дека треба заради непочитување на протоколите, зошто вчера не се растури протестот?

-Има ли полицијата двојни аршини: во Вевчани не може масенбал, а во Скопје може протести и тоа со многу повеќе луѓе, без маски и дистанца?

-Кого убедувате дека работите принципиелно и еднакво за сите без разлика на етничката припадност, или каква и да е друга припадност! Да беше така вчера „ќе кркаа“ казни протестантите за „Монструм“ како и оние во Вевчани!-се само дел од коментарите на скопјани на социјалните мрежи и на електронската пошта на „Скопско ехо“.

И денеска полицијата не е доцна да реагира и казнува, но дали ќе го направи тоа?

Инаку, вчерашниот протест се организираше откако обвинителката Фатиме Фетаи побара доживотен затвор за сите осомничени, после повторното судење, освен за еден од претходно осудените.

Претходна вестПротест за „Монструм“: Превртени контејнери, демонстрантите маваа со камења кон полицијата
Следна вестПретпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево