1.129  деца, жени и мажи пријавиле семејно насилство за една година

Во текот на оваа година во Македонија, вкупно 1129 лица, пријавиле семејно насилство. Од нив, 160 биле деца, 792 биле жени, а 177 мажи.  Од сторителите на насилството, 941 се мажи а 95 се жени. Министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска пред почетокот на Регионалната консултација за родова еднаквост и борба против насилството врз жените оцени дека во моментов немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство.

-Видот на насилството најчесто е психолошко а потоа физичко, и не се погодени од насилство само ранлива категорија на жени. Имаме и жени кои се со високо образование и се економски независни, и во тие случаи најчест облик на насилство е психичко, рече таа.

Според неа, вознемирувачки се судските одлуки со кои сторители на насилници  се пуштаат на слобода .

-Бројките од разрешницата во судовите покажуваат дека во најголем број на случаи или странките се повлекуваат во судската постапка или имаме судски пресуди кои се или ослободителни, бидејќи нема доволни докази во самата постапка, или се пресуди кои не соодвествуваат со законската регулатива, во однос на изречените казни, додаде Тренчевска

Претходна вестДва автомобила изгореле во Кисела Вода и во Гази Баба
Следна вестКоментатор добил отказ дека го спомнал Хакан Шукур