Два автомобила изгореле во Кисела Вода и во Гази Баба

Опожарени се две возила на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден, соопшти полиција.

МВР информира дека денеска во СВР Скопје било пријавено дека во 03.10 часот на ул.„Фуштанска“ настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С.(30) од Скопје.

-Исто така, денеска е пријавено дека во 01.20 часот на ул.„Антон Попов“ настанал пожар во патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П.(44) од Скопје, се наведува во информацијата.

Повредени лица нема. Увид бил извршен.

Претходна вестПриватните превозници нудат компромис, прво да им се плати дел од долгот
Следна вест1.129  деца, жени и мажи пријавиле семејно насилство за една година