Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.

Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.

Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.

Претходна вестСела: Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии
Следна вестГолеми поплави во Италија по излевање на река