За неколку дена претседателката Силјановска Давкова ќе ја има првата посета во странство

За неколку дена, односно на 23 мај претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе ја има првата посета во странство.

Тој ден ќе биде примена од Папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

Силјановска Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик. За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Претходна вестВремето денеска нестабилно со повремен дожд
Следна вестЧетири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени