Времето денеска нестабилно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури се очекува да се движат од 19 степени на повисоките места, 25 во Скопје, до 27 на југоистокот од Македонија.

Претходна вестГолеми поплави во Италија по излевање на река
Следна вестЗа неколку дена претседателката Силјановска Давкова ќе ја има првата посета во странство