71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт

Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.

Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.

-Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестМЗТ Скопје поведе во финалето со Пелистер
Следна вестКурти им честита на лидерите на Вреди: За првпат албанска опозиција освои над 100 илјади гласови