Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд

Утре се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на некои места ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со засилен ветер од југоисточен правец.

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се најавува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 27 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 26 степени.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а на некои места со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

И во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови.

Температурата утре ќе биде од 11 до 15 степени наутро, а во текот на денот од 21 до 28 Целзиусови степени.

Претходна вестДелови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Следна вестПретседателот на Иран загина во хеликоптерската несреќа