Венчавката за време на викенд младенците ќе ги чини 10.500 денари

Свадба или венчавка — церемонија на која две личности се соединуваат во брак. Свадбените традиции и обичаи не се секаде исти, тие вариират во сите култури, етнички групи, религии. Поголем дел од свадбените церемонии вклучуваат замена на свадбени завети помеѓу парот, давање на подарок (прстен(и), симболичен подарок, цвеќиња) и јавно прогласување на бракот од авторитетна фигура.

Она што е ново во Македонија e тарифникот за венчавање надвор од просториите на Управата за водење матични книги кој важи од 1-ви февруари.

Новиот тарифник, кој стапи на сила од пред пет дена, е изненадувачки удар по џебот на младите кои планираат да стапат во брак. Поскапувањето на услугите за склучување на брак на терен ги изненади идните младоженци. Тоа доаѓа поради зголемувањето на просечната плата во земјава.

Па така, ако според стариот тарифник, склучувањето на брак на терен од понеделник до петок чинело 3736 денари, сега тоа ќе чини 4765 денари.

За време на викенди и државни празници старата цена била 7472 денари, а новата цена е за над 3.000 денари повисока и изнесува 10.484 денари.

Луѓето кои уплатиле пред донесување на новиот тарифник, им стигнало известување дека мора да доплатат ретроактивно, со цел израмнување на цените со новиот тарифник. Првиот човек на Управата, Емир Сулејмани ни истакна цените мора да се прилагодат со новиот тарифник, според правилникот на Управата од 2011 година.

Инаку, кога станува збор за склучените бракови во Македонија, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека, тој се намалил во 2023 година и лани имало 12.882 бракови, што е за 3.4 отсто помалку во споредба со 2022 година.

Претходна вестВанковска: Ќе ги извадиме ракавиците, помина времето на политичката коректност
Следна вестДа се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, побара Комисијата за заразни болести