1022 лица не носеле маска, во изолација и самоизолација ставени 392 лица

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација, соопшти денеска МВР.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано  дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 1022    прекршоци.

Претходна вестДали вториот бран на вирусот ќе го натера Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба?
Следна вестПрашање до Филипче: Ако изборите се сигурни со мерки за заштита, зошто не беа сигурни Велигден и Задушница?