Дали вториот бран на вирусот ќе го натера Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба?

Напладне, со свое обраќање шефот на државата Стево Пендаровски ќе го соопшти својот став за вонредната состојба која што истекува утре, како и за евентуалната лидерска средба и за одржувањето на парламентарните избори. Вонредната состојба која што пред 14 дена ја прогласи претседателот истекува утре по што тој треба да соопшти дали планира да ја продолжи или не.

Пендаровски треба да соопшти и дали планира да го свика Советот за безбедност кој што во изминатиов период редовно се состануваше пред да биде донесена одлука за воведување на вонредна состојба. Дали Пендаровски ќе донесе одлука за вонредна состојба во ситуација кога бројот на заболените од корона вирусот во Македонија доживува драматичен пораст, а што предизвикува загриженост кај граѓаните?

Владата прати сигнал дека нема потреба од продолжувањето на вонредната состојба откако донесе уредна за продолжување на изборните дејствија веднаш по истекот на актуелната вонредна сосотојба. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека нема опасност за ширењето на вирусот на изборите доколку сите се придржуваат до протоколите за заштита на гласачките места. Ова беше со чудење пропратено од граќаните, затоа што само пред недела дека за Задушница се зборуваше нешто другоо и се воведе карантин.

Од друга страна, најголемите политички партии се уште не постигнале договор за терминот на одржувањето на парламентарните избори. Заради тоа неизвесно е и дали ќе има нова лидерска средба. Владејачките партии СДСМ и ДУИ се на став дека избори треба да има на 5 јули со можност да биде и 8 јули, додека од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека „избори на 5 јули нема да има“ и дека е примарно зачувувањето на здравјето на граѓаните. 

Претходна вестРаспишан е конкурс за наградата „Рациново признание“, трае до 1 август
Следна вест1022 лица не носеле маска, во изолација и самоизолација ставени 392 лица