Темен режим Режим на светлина

Тешко повреден пешак во Козле, возачот кој го удрил побегнал

Непознато лице со возило удрило во пешак во Козле и избегало од местото на несреќата. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информациите на МВР, вчера во 10.30 часот било пријавено дека на улица Козле во Скопје автомобил удрил во пешакот М. С. (50) од Скопје по што избегал.

Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Само во април: Од 403 станови дозволени за градба во Скопје дури 317 ќе никнат во Аеродром

Следна објава

Пешак прегазен кај касарната „Илинден“, со тешки повреди пренесен во болница