Чаир предничи со 235 заболени, Бутел, Аеродром, Гази Баба и Центар се доближуваат до стотка

Скопската општина Чаир и натаму е подрачје со најмногу инфицирани-заболени од корона вирусот, но загрижувачки е што и во другите општини се зголемува бројот на заразени. Ова го покажува статистика на Институтот за јавно здравје според која во Чаир заклучно со вчера има 235 заболени од вирусoт. Тоа е за 26 заболени повеќе отколку завчера и што е речиси двојно зголемување на бројот на новозаразените во однос на претходните денови кога се регистрирале по околу десетина нови случаи.

Зголемување има и кај другите скопски општини: во Гази Баба има вкупно 89 активни случаи, во Бутел – 88, а во Центар и Аеродром по 87. И во овие општини вчера е забележано зголемувањето од 12 до 14 пациенти наспроти досегашниот просек од по 7-10 случаеви.

Од листата со заболените се гледа дека во Карпош-79 заболени, Сарај-75, исела Вода-52, Ѓорче Петров-39, Шуто Оризари-29, Студеничани-25, Арачиново-30, Петровец-7, Чучер Сандево-6, Сопиште-3, странци-2 и двајца заболени за кои се уште не е утврдено од која општина потекнуваат.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Скопје Арбен Зибери неодамна изјави дека бројот на кластерите со болните во главниот град од 15 е зголемен на 41.

Претходна вестПочинаа двајца пациенти од вирусот, новозаразени се 164 лица- повеќето во Скопје
Следна вестЧулев: Одлуката за непродолжување на вонредната состојба е без консултации со најважни институции и отвора сомнеж