Покрај градоначалникот на Гази Баба, уште една вработена е позитивна на Ковид-19

Покрај градоначалникот Борис Георгиевски, уште еден вработен во општина Гази Баба е заразен со корона вирус. Како што информираат од општината, во текот на вчерашниот ден било доставено известување од вработеното лице во општината чиј тест за Ковид-19 е позитивен. Вработената во општина Гази Баба е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите, пренесува Макфакс.

Од општинаат информираат дека градоначалникот Георгиевски, поради хронична болка во пределот на бубрезите на 8.06.2020 година, а по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, останал на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за комуникација. Во текот на вчерашниот ден, поради пројавени болки во пределот на градите, е упатен на дополнителни лекарски прегледи, по што по препорака на пулмолог е испратен на дополнителни испитувања во Клиничкиот центар во Скопје, каде му е направен и тест за Ковид-19 чии резултати денес се позитивни.

Градоначалникот Борис Георгиевски во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со корона вирусот.

Претходна вест1071 лице казнето за неносење маска, шестмина бегале од изолација
Следна вестЗагрижувачко: 196 новозаразени од вирусот, 8 пациенти починале