ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии

 Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии, потенцира во своето денешно соопштение Советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје.

-Дента кога објави дека се чисти дивата депонија во Ново Село и Волково, на истата површина се создаде нова и сето тоа неказнето и со одобрување на градските власти. Фотографиите покажуваат дека депонијата постои, и дека дивите депонии се нерешлива енигма за скопскиот градоначалник Петре Шилегов, се наведува во соопштението придружено со снимките од депониите.

Опозициските советници предупредуваат дека толерирањето на депониите значи толерирање на нарушување на здравјето на граѓаните.

-Ќе потсетиме дека Шилегов вети пред да стане градоначалник чистење на големите депонии и зелено Скопје, но кај Шилегов зелени се само парите кои доаѓаат од матни тендери и сомнителни зделки. Бараме итен активизам и темелно чистење на депонијата во Општината Ѓорче Петров како и другите депонии. Прашање на време е кога ќе дојде до нова еколошка катастрофа. Депониите се закана за здравјето на скопјани, нагласуваат опозициските советници. 

Претходна вестПрашање до Филипче: Ако изборите се сигурни со мерки за заштита, зошто не беа сигурни Велигден и Задушница?  
Следна вестСамо во април: Од 403 станови дозволени за градба во Скопје дури 317 ќе никнат во Аеродром