Во последните 24 часа во Македонија се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Од овие случаи само 13 се откриени во Скопје, а 26 во Куманово, во Штип – 5, Прилеп 7, Тетово 3, Охрид 2, Кавадарци 6,Гостивар 15,Гевгелија 2,Струмица 1,Крива Паланка 2,Демир Хисар 7,Берово 1,Виница 5,Делчево 2,Свети Николе 3,Кичево 2 и Неготино 1.
-Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.), се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од:Скопје 60,Штип 17,Прилеп 4,Тетово 12,Струга 19,Битола 2,Охрид 16,Кавадарци 13,Гостивар 11,Крива Паланка 2,Крушево 1,Кочани 5,Демир Хисар 2,Македонски Брод 3,Берово 3,Виница 10,Кратово 1,Свети Николе 2,Кичево 2 и Ресен 2
Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840, бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932, информира министерот.