На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои и осум за минување на затворен сигнал – црвено светло, соопшти денеска МВР за вчерашните акциски контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 18 санкции и 10 мерки за возење без возачка дозвола.
– Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас…, соопшти полицијата.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Се наведува во соопштението.