104 „за“, двајца „против“ еден воздржан за потребата од Декларација за осуда на воените напади врз Украина

Со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“, во рамките на 65-та седница, Собранието попладнево ја усвои Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, по скратена постапка. Декларација е по предлог на пратеничките од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова и Маја Морачанин.

Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади врз Украина, пратеничката од ЛДП, Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

Таа изрази надеж дека овојпат пратениците ќе бидат единствени во донесувањето на декларацијата и оти, како што рече, војната не е метод за решавање на споровите.

Откако за предлог-декларацијата ќе расправаат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија таа ќе се врати пред пратениците за гласање.

Претходна вестМакрон разговарал со Путин, се чека продолжението на украинско-руските преговори
Следна вестАмбасадорот Ефремов и уште еден дипломат се враќаат во Украина да помогнат во евакуацијата