Темен режим Режим на светлина

Амбасадорот Ефремов и уште еден дипломат се враќаат во Украина да помогнат во евакуацијата

150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби 150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина-актуелниот амбасадорКрум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен за евакуација на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.

Досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани.

Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори.

Нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

104 „за“, двајца „против“ еден воздржан за потребата од Декларација за осуда на воените напади врз Украина

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Променливо облачно време со снег на повисоките места