СВР Скопје поднесе кривична пријава против 11 малолетници од Скопје, од кои 10 на 15-годишна возраст и еден на 16 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
-На 15.03.2022 околу 16.30 часот во двор на основно училиште на ул.„Индира Ганди“, во Шуто Оризари пријавените физички нападнале малолетник, соопшти полицијата.