Шверцувал двајца Индијци и тројца Кубанци, полицијата го уапсила

Шверцувањето на мигранти низ Македонија е појава со која полицијата постојано се сретнува. Последен таков „сидир“ имало на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатната рампа Смоквица, кога полицијата го уапсила 49-годишниот М.Ш. од Скопје.

-При преглед во возилото „Фолксваген Пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти две од Индија и три од Куба, информираат од полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестКомисија за заразни болести: Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за Ковид-19
Следна вест11 малолетници претепале дете, добиле кривична пријава