Полицијата приведе три лица во Центар откако кај нив пронајде марихуана и прашкаста материја

Три лица се приведени од страна на полицијата вчера и ноќеска откако им беше пронајдена марихуана и прашакаста материја.

-На 10.05.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материј, се наведува во информацијата/

Ноќеска, пак, во 01.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице (22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации
Следна вестСилјановска Давкова: Жално е што во формулацијата на ОБСЕ и ОДИХР за изборите сѐ уште не сме чуле дека биле фер и демократски