12 камиони немале исправни сопирачки

Во текот на вчерашниот ден од 7 до 12 часот сообраќајната полиција при МВР спровела контрола на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

– При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување, соопшти денеска полицијата

МВР информира дека 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција “забрана за управување”.

Претходна вестЗавршено партерното уредување на „Крстот“ во Кучково
Следна вестНаставник натепал ученици во училиште во Македонски Брод