12 починати во 24 часа и уште 10 од изминатите денови – заразени се 494 лица

Во текот на изминатите 24 часа како последица од ковид починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 починати лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

И денеска се заведени уште 10 починти лица кои според Регистерот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој Термин починале во перидот од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се: по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087, од кои 5.536.

Претходна вестЗдравствени работници, пациенти и волонтери ќе трчаат во чест на дарителите на органи
Следна вестОткажано гостувањето на Белградската филхармонија, ненадејно починал директорот Тасовац