Откажано гостувањето на Белградската филхармонија, ненадејно починал директорот Тасовац

Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, што беше закажано за 9 октомври е откажано, соопштија денеска од македонската Филхармонија.

Причината за откажувањето е ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград.

Од Филхармонија информираат дека на сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата.

Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот јавноста ќе биде дополнително информирана.

Претходна вест12 починати во 24 часа и уште 10 од изминатите денови – заразени се 494 лица
Следна вестОд утре, паркирањето во Скопје по зимско работно време