127 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.

Претходна вестБез вода дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Центар
Следна вестПо околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица