Денес се регистрирани 395 нови лабораториски позитивни случаи на ковид, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 во земјава од почетокот изнесува 196.762
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 6.813, од кои 3.413 во Скопје.