Пребрзото возење и натаму е најчест сообраќаен прекршок. Вчера, полициските контроли поради пречекорување на дозволената брзина од 50 километри на час на скопското подрачје казни 39 возачи. Тоа значи дека санкциониран секој трет возач меѓу вкупно казнетите 140 возачи.
-Изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.