27-годишно момче било уапсено во угостителски објект во центарот на Скопје, извести МВР. Како што велат од полицијата, тој се однесувал агресивно кон полицајците, а претходно лажно се претставувал како полицаец и ги легитимирал гостите.
-На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





