Новинарот Димитровски ја праша вештачката интелигенција, дали Александар Велики е Грк или Македонец, доби одговор дека е Македонец

672

Во светската јавност долго време постои дилема чиј бил Александар Македонски, каде е неговиот гроб и слично. И покрај тоа што голем број еминентни светски историчари тврдат дека Александар Македонски не припаѓа на грчката историја, Грците упорно го тврдат спротивното и инсистираат да биде по нивно.

Ова дилема на досега уникатен начин се обиде да ја реши поранешниот новинар и уредник, а сегашен генерален секретар на партијата Демократски сојуз, Зоран Димитровски. Тој на својот фејсбук профил објави скриншут од разговор со вештачката интелегенција односно Чет бот. Како што може да се види од фотографијата, тој ја прашува вештачката интелегенција дали Александар е Грк или Македонец, а на прашањето добива одговор дека е Македонец.

На прашањето дали Александар Велики зборувал грчки или македонски, вештачката интелигенција му одговорила и македонски и грчки.

На ова Димитровски, саркастично коментира дека Чет ботот „не го прочитал преспанскиот договор“.

Претходна вестКовачевски и лани го најави закон за плати, ама…
Следна вестСе вжештува атмосферата во Франција, уапсени 111, повредени 154 полицајци во протестите