Левица: ДУИ предлага закон за даночни ослободувања на „Бихтел и Енка“ на штета на граѓаните

Собранискиот спикер Џафери закажа итна седница за понеделник, на која власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, поврзани со коридорите 8 и 10 Д, соопштуваат од полтичката партија Левица. Според нив со овие предлог-закони, номинираниот стратешки партнер „Бехтел и Енка“, како и сите учесници во овие проекти ќе добијат бројни даночни, царински олеснувања и дополнителни народни пари и привилегии.

– Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес се овозможува ослободување од данок на додадена вредност (со право на одбивка на претходен данок) и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон.

Исто така, со предлозите се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за целите на овој проект.

Потсетуваме дека контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ беше номиниран за стратешки партнер за имплементација на проектите за изградба на коридорите 8 и 10 Д во јули 2021 година. И покрај многубројните остри критики и иницијативата на ДКСК за оспорување на овој закон (затоа што ги крши уставните начела против монополската положба) Уставен суд ја отфрли иницијативата на Антикорупциската комисија, се вели во соопштението на Левица.

Според нив со овој предлог закон се овозможува дополнително да профитираат и инвеститорот и стратешкиот партнер на штета на државата и македонските граѓани.

Претходна вестМајката на 5-годишната Јана: Никој не нè известува, од телевизија дознаваме за извештаите
Следна вестВелигденски концерт со хорот „Света Злата Мегленска“ во Охрид