Застаре уште едно дело на Сашо Mијалков

На ексдиректорот Сашо Мијалков му застаре уште едно дело. Поточно нему му застари делото во предметот „Титаник 2“ поврзано со изборни нерегуларности на изборите во 2013 година, бидејќи поминаа 10 години од денот кога беше обвинет дека го сторил.

Сега, во овој предмет, ќе им се суди само на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и на другите обвинети за кои седница на Апелација е закажана за шест дена (13 април).

За овој предмет двапати се изрекуваше пресуда од Кривичниот суд бидејќи Апелација во 2019 година ја укина.

Од шест предмети, кои се водеа против Сашо Мијалков, четири се целосно решени. Тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, за „Плацови на Водно“ затворската казна му беше заменета со условна.

Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“, во кој се спогоди со Обвинителството. Тој издржува три години во затворот од отворен тип во Струга, каде што затворениците имаат право на работно отсуство и практично само преспиваат во ќелиите.

И натаму на Мијалков му се суди за „Трезор“ и за „Таргет – Тврдина“ (предметот за прислушувањето), кои се далеку од правосилна пресуда, а „Таргет – Тврдина“ е сè поблиску до застарување.

Претходна вестНаучниците не можат да ја дешифрираат книгата со повез од човечка кожа
Следна вестМајката на 5-годишната Јана: Никој не нè известува, од телевизија дознаваме за извештаите