Се вжештува атмосферата во Франција, уапсени 111, повредени 154 полицајци во протестите

Се разгоруваат протестите во Франција. 111 лица се приведени вчера на протест против пензиската реформа во Франција, соопшти МВР на Франција. Повредени се 154 полицајци и жандарми, од кои некои потешко.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изрази поддршка за полицијата, жандармите и пожарникарите кои ги штитат демонстрантите и јавниот и приватниот имот. Дарманен вчера распореди повеќе од 11.000 полицајци. Околу 570.000 луѓе демонстрираа вчера во Франција, од кои 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиската реформа.

 

Претходна вестНовинарот Димитровски ја праша вештачката интелигенција, дали Александар Велики е Грк или Македонец, доби одговор дека е Македонец
Следна вестСе намалува поддршката за Бајден, само 32 проценти се за негов реизбор