Се намалува поддршката за Бајден, само 32 проценти се за негов реизбор

Помалку од една третина од Американците сакаат реизбор на актуелниот американски претседател Џо Бајден на изборите следната година, покажуваат резултатите од анкетата објавени вчера од американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен. Севкупно, само 32 отсто од анкетираните рекле дека Бајден заслужува да биде реизбран. Поддршката за Бајден е најмала кај Американците помлади од 35 години. Само 26 отсто од нив изјавиле дека Бајден е достоен за реизбор.

Резултатите од анкетата покажуваат и дека 42 отсто од испитаниците позитивно ги оценуваат активностите на Бајден како претседател. Во јануари тој беше поволно оценет од 45 проценти. Истражувањето покажува и зголемување на незадоволни граѓани од работата на претседателот од 55 отсто во јануари сега на 57 проценти.

Покрај тоа, 67 отсто од анкетираните оцениле дека здравствената состојба на Бајден не му дозволува ефикасно да ги извршува своите должности, а за 65 проценти од испитаниците тој не влева доверба.

 

 

Претходна вестСе вжештува атмосферата во Франција, уапсени 111, повредени 154 полицајци во протестите
Следна вестИстражување: Прекумерното земање антибиотици е опасно за луѓето