Денеска (13.03.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 56 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Тетово… За време на контролата санкционирани се и 171 други видови на прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.