Темен режим Режим на светлина

Банките во Македонија лани заедно заработиле 287 милиони евра

Над 50 милиони евра присилно наплатени од граѓани во 2025 година Над 50 милиони евра присилно наплатени од граѓани во 2025 година

Од нето-камати 13-те банки заедно заработиле 287 милиони евра, а од нето-провизии и надоместоци 101,4 милиони евра.

Минатогодишниот чист банкарски профит, по оданочување, е 157,3 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Ако се споредат податоците со 2021 година, може да се забележи дека минатата година за банкарскиот сектор била подобра и тој остварил поголем профит за 8,5 милиони евра.

Банките во минатата година успеале да соберат од камати 336 милиони евра, а за депозитите што се чуваат на нивните сметки платиле 48,8 милиони евра, со што оствариле добивка од нето -камати (разлика меѓу наплатената и платената камата) од околу 287 милиони евра. Ако се спореди со претходната година, тоа е зголемена добивка од нето-каматите за 32 милиони евра.

Разни надоместоци и провизии пак на банкарскиот сектор му донеле 162,8 милиони евра што е околу 19 милиони евра повеќе отколку во 2021 година. И банките плаќаат провизии и надоместоци, а тие во 2022 година изнесувале 61,4 милиони евра, а во 2021 биле 52,4 милиони евра. Според податоците од нето-провизии во 2022 година банките добиле 101,4 милиони евра, а во 2021 година – 91 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Докторите во шок: Срцето му е од десна страна, органите спротивно – млад Албанец е медицински феномен

Следна објава
Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес

141 санкција за непрописно престигнување