Пронајден кокаин при претрес на стан во Скопје, приведени лица од Грчец и Гевгелија

При извршен претрес на стан во Скопје, полициски службеници пронашле кокаин и дигитална вага, а по претресот ги лишиле од слобода дваесет годишниот А.О. од с.Грчец и В.К. од Гевгелија. И двајцата се во задржани во полициска станица.

– Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага, се вели во извештајот од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Претходна вестВладата ќе купи нови лопати со панделки за поставување камен-темелници?
Следна вестСДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и вршат партизација