146 санкционирани возачи во Скопје, 15 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и седум мерки возење без возачка дозвола и три санкции за нерегистрирани возила.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

 

 

Претходна вестПроменливо облачно и дождливо време
Следна вестПортугалскиот премиер Антонио Кошта: ЕУ не може да ги исполни очекувањата за проширување