150 пијани возачи казнети изминатата вечер

Во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 150 возачи.

Од нив 36 на територија на СВР Тетово, 20 на територија на СВР Скопје. При контролата санкционирани се и 130 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестТепачка поради паркинг место во Прилеп
Следна вестФФМ: Бидете поддршка за Македонија со фер навивање на утрешниот меч против Бугарија