151 санкција за непрописно престигнување, 62 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.12.2020) спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. На територијата на целата држава санкционирани се 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 446 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестПроменливо облачно време со сончеви периоди
Следна вест704 казни поради неносење на заштитна маска